fbpx

Коста конечно се соочи со родителите на жртвите: Неверување по тоа што им го кажал

Момчето кое на трети мај уби девет свои врсници и обезбедувачот на училиштето „Владислав Рибникар“ и тешко повреди уште четири деца и професорката по историја, не се покаја, ниту, пак, заплака за другарите! Како што српски „Курир“ ексклузивно дознава, за време на распитот на Коста кој бил сослушан преку видео врска од просториите на психијатриската клиника во која се наоѓа два и пол месеци, родителите на жртвите собрале храброст и му поставиле неколку прашања.

Мајка го прашала момчето кога последен пат плачело. Неговиот одговор ги оставил без зборови сите присутни, бидејќи ладно, без емоции и сочувство кон жртвите и нивните семејства рекол: „Не се сеќавам кога последен пат сум плачел“, открива изворот на „Курир“ и додава дека тоа ги навело сите присутни до заклучок дека не пуштил ниту една солза за своите пријатели, но и дека искрено не се покајал за тоа што го направил.

За потсетување, тринаесетгодишникот бил сослушан како сведок во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко, поради сомнение дека го однел синот на стрелиште и го научил да пука, иако имал само 13 години, како и поради тоа што оружјето за кое имал обезбедено лиценца било така лесно на дофат.

Да потсетиме, кобниот ден, Коста од сефот го зел оружјето за кое наводно изјавил дека лесно го отворил, бидејќи шифрата била од три броја, а два веќе биле наместени за отварање и дека само двапати го свртел третиот број.

Кобниот ден влегол вооружен во училиштето, прво го убил чуварот, потоа трите девојчиња кои ги затекнал во ходникот, а потоа влегол во своето одделение на кое имало час по историја и почнал да ги убива децата едно по едно.

Момчето против кое нема истрага, бидејќи во моментот кога го сторил делото имал само 13 години, по закон не одговара кривично.

„Иако имаше законско право да одбие да сведочи во истрагата против неговиот татко, бидејќи тие се најблиски роднини, момчето реши да одговори на сите прашања што му беа поставени. Практично ги потврди сомнежите дека татко му го однел на стрелиште и барал од вработените да го обучат неговиот син да пука со пиштолот со кој подоцна го извршил масакрот“, констатира истиот соговорник.

Следни Објави

Уште еден маж настрада синоќа: Трета жртва по страшното невреме кое ја зафати Србија

Еден човек загинал синоќа како последица од невремето во Бачка Паланка, кога се обидел да ги извади каблите за струја кои паднале врз неговата капија, потврди претседателот на општината, Бранислав Шушница. Тој открива дека 66-годишниот маж со гола рака ги зел каблите, поради што доживеал струен удар и починал на […]