fbpx

Шокантно! Откриено е нешто неочекувано: ОВА најмногу му пречело на Коста

Коста Кецмановиќ (14), момчето кое на на трети мај го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, една работа никако не поднесувал, пишуваат српските медиуми

Според неофицијални информации, пред да го изврши грозоморното злосторство Коста седел сам и целосно изолиран од другите деца.

„Во последно време се однесуваше многу чудно. Почна да се интересира за работи кои се апсолутно нетипични за децата на негова возраст, додека некои нормални нешта го излудуваа“, раскажува за „Република“ добро упатен извор.

„На пример, во последните неколку месеци беше повлечен, се држеше настрана и само ги гледаше своите врсници како играат и се смеат, но не сакаше да им се придружи. Исто така, во една прилика рече дека го нервираат детските крици и викања по ходниците“, вели истиот извор.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Неочекуван потег! Оваа жена открива нови моменти за Коста: Можеше ли поинаку?

Само неколку месеци пред злосторството, Коста почнал да чита веб-страници за оружје, а потоа и да се соочува со психолошки проблеми. Овие детали на рочиштето ги кажала куќната помошничка и дадилка која работела за семејството Кецмановиќ. Таа изјавила дека момчето-убиец првпат се заинтересирало за оружје во ноември 2022 година.

„Домаќинката и дадилката пред обвинителот во постапката против Миљана и Владимир Кецмановиќ изјави дека во ноември, шест месеци пред масакрот, забележала дека тој почнал да ја чита „Калибар“. Дополнително, како што рече, тој во неколку наврати ѝ кажувал како порано се употребувало оружјето, како и каде се користело во војните“, дознава „Курир“.

Следни Објави

Синот на Пепи Бафтировски е доктор: Еве каков фраер е Емил

„Сине мој“, „Ако згрешам нека изгорам“, „Заветна“, „Ти не плачи мајко“.. се само дел од македонските фолк-евергрини кои ни ги подари Пепи Бафтировски. Беше еден од најпознатите пејачи на македонската сцена, но и покрај тоа што беше ѕвезда во татковината, незадоволен од третманот што го добиваат естрадните уметници, со сопругата […]