fbpx

Неочекуван пресврт! На Коста Кецмановиќ му го дозволија ова, врие на интернет

Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче кое на трети мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар уби девет другари и училишниот чувар Драган Влаховиќ, „тргна“ на училиште.

Детето убиец кое се наоѓа на Клиниката за деца и млади за невропсихијатрија, наставата ја следи преку Интернет, од посебна просторија сместена во рамките на клиниката, дознава српски „Телеграф“.

Според добро упатен извор од клиниката, на Коста Кецмановиќ му е обезбедена просторија во која има се’ што му е потребно за следење на часовите и засега се’ се одвива според планот.

„Од почетокот беше јасно дека Коста нема да може да оди на училиште и да ја напушти институцијата каде што е моментално. Поради целокупната ситуација, не беше прифатливо ниту професорите да дојдат кај него, а беше одлучено тој да добие просторија во рамките на клиниката од која ќе ја следи наставата. Наставниот кадар од ОУ „Д-р Драган Херцог“ во Белград му држи онлајн часови и досега се’ се одвива во најдобар ред“, вели добро упатен извор за „Република“.

Тој открива дека дури и самите професори на почетокот се чувствувале чудно, имале одредена резерва затоа што морале да предаваат на ученик кој пред неколку месеци свирепо си ги уби соучениците, но, сепак, засега сè оди како што треба.

„Коста е здраво дете, нема никакви пречки во развојот, така што наставниците кои најчесто се истите кои држат настава на ученици со попреченост немаат проблем од таа страна. Тие се одбрани пред се’ поради целата ситуација затоа што се работи за момче кое извршило страшно злосторство, а второ затоа што кај него немаат посебен систем за работа, како што обично прават со децата кои вообичаено го посетуваат ова училиште“, објаснува истиот извор.

Информацијата дека на Коста му се дозволува се’, па дури и најнормално да продолжи со своето образование, беше дочекана со незадоволство. На социјалните мрежи врие од коментари. И додека поголемиот дел од јавноста го осудува, и понатаму тој има и армија фанови кои ги величат неговите „лик и дело“.

Да потсетиме, Вишото јавно обвинителство во Белград го сомничи и таткото на момчето, Владимир Кецмановиќ, дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност. Тој се товари дека не го обезбедил соодветно оружјето за кое имал дозвола за да не дојде до него малолетниот син, но и дека го однел детето на стрелиште и го научило да пука, иако имало само 13 години.

Следни Објави

Конечно убава вест! Евтината струја се враќа и преку ден: Еве кога и каде!

Евтината струја од први декември ќе ја има од 13 до 15 часот, но не кај сите Евтината дневна тарифа на електричната енергија започнува со примена од први декември во периодот од 13 до 15 часот и во првите 10 дена од декември најголем дел од потрошувачите, односно најголем дел […]