fbpx

Стефан со нови детали за состојбата на Кико: Да се молиме сите заедно!

Кико ноќта ја помина добро и моментално е во стабилна состојба, открива предмалку македонскиот јутјубер Стефан Лазаров.

„Како што бевме сите сплотени околу финансискиот дел, сега е битно да се молиме сите заедно и надеваме дека ќе биде се’ како што треба“, пишува тој.

„Разговарав со семејството и сите сме свесни дека во моментов е потребен мир и верба за Кико да продолжи да се бори. Постојано добивам пораки како е Кико и тоа ме радува, но во моментов мораме да почекаме и да имаме разбирање за неговата ситуација која се менува на секој час. Кико е борец и знам дека ќе биде се како што треба“, завршува Лазаров.

Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван има ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија. Откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје. За само четири дена пртеку донации се собраа 50.000 евра за негово лекување.

Следни Објави

За евтина струја сепак ќе почекаме: Еве кога ќе се врати и преку ден

Дневна евтина тарифа на струјата ќе има, но од следната година. Иако се очекуваше тоа да се случи сега од први јули, според информациите на Телма оваа поволност граѓаните ќе ја добијат од јули идната година. Наместо евтина тарифа, најверојатно од први јули ќе има и благо покачување на цената […]