fbpx

Кико е на интензивна: Јутјуберот Стефан Лазаров се огласи доцна во ноќта

Јутјуберот Стефан Лазаров кој со своето влијание на социјалните мрежи успеа да го крене на нозе народот за да се соберат пари за лекување на малиот Кико, предмалку се огласи со нова порака.

„Кико е на интензивна, но со стабилизирана состојба. Се разбудил и е под анестезија, докторите се грижат за него“, открива Лазаров.

Тој ги замоли сите медиуми и портали да не пласираат неточни вести.

„За секоја информација чекајте на мене“, им порача тој на своите следбеници.

Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван има ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија. Откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје. За само четири дена пртеку донации се собраа 50.000 евра за негово лекување.

„Во овој момент семејството на Кико ме замоли да објавам дека се стопираат броевите за донации, но сите настани и тоа што се организира во наредните неколку денови продолжуваат… Македонскиот народ се покажа уште еднаш како хуман и колку можеме да бидеме јаки кога сме сплотени. Фала ви од срце“, објави во текот на денешниот ден јутјуберот Лазаров.

Следни Објави

Вистината за Сузана: Сопругот Роберт крвнички ја заклал, шокантни детали откри истрагата

На Градските гробишта во Кикинда денеска ќе биде погребана 41-годишната Сузана М. која до смрт ја избоде сопругот Роберт М. (39). „Со голема болка и тага ги известуваме сите роднини, пријатели и познаници дека нашата сакана почина на 18 јуни на 41 година. Погребот ќе се изврши на 21 јуни […]