fbpx

Многу ќе ми фалиш, братче мое: Лазаров скршен по смртта на Кико

Тажен ден во Македонија. Почина момчето кое не’ обедини и за кое во рекордно време собрав,е донации.

Престана да чука срцето на Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван. Трогателни посвети се објавуваат на социјалните мрежи.

Меѓу првите се јави и јутјуберот Стефан Лазаров кој направи многу за да се слушне приказната на Кико и за да му се помогне.

„Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот.. Се дадовме за тебе, се бореше до крај како вистински победник, но за жал не успеа. Многу те сакам, многу ќе ми фалиш братче мое. Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш… Почивај во мир Кико“, напиша Лазаров.

Кико имаше ретка дијагноза Атаксија-телеангиектазија. Откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје. За само четири дена преку донации се собраа 50.000 евра за негово лекување.

Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаа дека нема да го издржи патот.

Следни Објави

Народот собра 50.000 евра за Кико: Еве каде сега ќе завршат парите

Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван, момчето кое го сплоти македонскиот народ, денеска ја загуби најважната битка. За само неколку дена се собраа донации од 50.000 евра за негово лекување, а јутјуберот Стефан Лазаров кој беше главен иницијатор за донациите предмалку откри каде ќе завршат собраните средства. „Парите ќе […]