fbpx

Никој не го уби детето: Конечно вистината за Кико, се огласи д-р Лазаров

Кико почина од генетско заболување кое оневозможув поправка на DNK, во светот нема преживеан, има неколку регистрирани случаи на преживување до 30 и некоја година кај еден поддтип на болеста, но најчесто животен век е до 24-25 со добра грижа и нега.

Се работи за брзопрогредирачко заболување за кое не постои ефективен третман, со трагичен крај.

Никој не го убил детето во случајов, она што е факт и висина е дека државата нема систем за палијативна нега на терминални пациенти од ниеден вид ама најчесто се тоа возрасни пациенти за кои јавбоста нема толку емоции па ваквите случаи ни се шокантни и не се направил притисок тој голем проблем да се реши.

По преку илјадници домашни посети сведочев на стотици пациенти кои последните денови од животот немаше каде да бидат згрижени па беа дома, без оглед на тоа дали и какви услови има во тој дом.

Смртта на млади е трагична но за да дадеме вредност и не биде залудно треба да научиме од тоа и да се направат промени.

Никој не сака да голтне дека ретко која мал држава овозможува експериментални терапии и третмани за терминални или пациенти со ретки болести, кои чинат колку цело примарно здравство, ама уште поболно е и не помага кога сите знаеме и гледаме колку се краде од 91-ва навака.

Искрено сочувство до семејството, ве молам да не користиме вакви случаи за политички препукувања туку еве на пример за конечно обединување на сите партии околу тоа дека е потребно многу пари, професионалност и деполитизирање на здравството веднаш, зошто од болест, старост и смерт не избегал никој до сега.

Фејсбук-статус на д-р Ненад Лазаров

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Прогноза на најпознатиот европски астролог: Овие луѓе ќе се збогатат до септември

Ова лето на еден хороскопски знак значително ќе му се подобри финансиската состојба. Барем вака тврди познатиот руски астролог Василиса Володина. Според неа, овие луѓе секоја работа умеат да ја претворат во злато, особено ако им се ѕвездите наклонети, а до септември тие дефинитивно ќе бидат на нивна страна. Одредени […]