fbpx

Најзгодната српска пејачка заврши трагично: Врската со Филип ја чинеше живот

Болно сеќавање на трагедијата

Популарната српска пејачка Ксенија Пајчин пред четиринаесет години трагично го загуби животот.

Беше неостварен сон на многу мажи, но и идол на тинејџерките кои се занимаваа со танц и мечтаеа да станат пејачки, затоа што своевремено имаше и училиште за модерен балет.

На 16 март во 2010 година Пајчин ја уби нејзиниот поранешен дечко, манекенот Филип Каписода, кој потоа изврши самоубиство. Српските медиуми тогаш објавија дека причината била љубомора.

Медиумите секојдневно известуваа за нивната турбулентна врска, а Ксенија постојано изјавуваше дека Филип е љубовта на нејзиниот живот.

„Не мораме ни да зборуваме, доволно е само да се погледнеме и се разбираме“, често велеше таа.

Нивните тела ги пронајде Љубица, мајката на Ксенија, во станот на пејачката во Белград. Таа се’ уште не може да се помири дека нејзиното чедо не е со неа. Токму на овој ден пред три години таа првпат после една деценија на гробишта не носеше црно.

Следни Објави

Дедо од Скопје плаче: Ќе останам без работа оти внуката не ја примаат в градинка

Скопјанецот Слободан Маџовски е самохран дедо кој единствен се грижи за својата шестгодишна внука Ана. Нејзината мајка е ставена во здравствена институција поради алкохолизам, открива Маџовски во потресна приказна која одлучи да ја раскаже пред камерите на Телевизија 24. Маџовски сега е очаен. Тој не може да ја испрати во […]