fbpx

Почина познатиот актер, ѕвездата од „Титаник“ (ВИДЕО)

Ѕвездата на „Титаник“, Лу Палтер, почина на 94-годишна возраст од рак на белите дробови.

Славниот актер се упокоил во својот дом во Лос Анџелес, соопшти неговото семејство.

Роден во Њујорк, најмногу ќе го паметиме по улогата на магнатот Исидор Штраус, чија трагична љубовна приказна беше инспирација за најемотивната сцена во филмскиот спектакл „Титаник“ на Џејмс Камерон од 1997 година.

Палтер беше угледен професор во театарската школа Cal Arts, а меѓу неговите ученици бил и четирикратниот номиниран оскаровец Ед Харис, пишува „Дејли Меил“.

Следни Објави

Тажен ден во Македонија: Почина Виолета Џолева, ќерка ѝ откри дека не сакала погреб

По кусо боледување, на 71-годишна возраст почина театарската и ТВ-режисерка Виолета Џолева. Тажната вест ја објави нејзината ќерка. Таа на „Фејсбук“ откри дека Џолева не сакала погреб, но дека дополнително ќе се организира настан со кој ќе се слави нејзиниот живот. Се огласија и од Драмски театар Скопје. „Со длабоко […]