fbpx

Тажен ден во Холивуд: Почина ѕвездата на „Пиратите од Карибите“

На 78-годишна возраст почина Серхио Калдерон.

Мексиканскиот актер ќе остане запаметен по улогите во филмовите „Пиратите од Карибите“ и „Мажи во црно“.

Калдерон се упокоил во Лос Анџелес, а неговото семејство соопшти дека починал од природна смрт.

Во својата плодна кариера Серхио одигра повеќе од 40 улоги.

Роден е во мало тропско село во Мексико. Се преселил во Мексико Сити кога имал 10 години. Големата љубов кон поезијата и кон пишаниот збор воопшто била пресудна да се заинтересира и за актерството.

Првата улога ја добил во 1970 година, во филмот „Мост во џунглата“. Една од неговите најпознати ролји е капетанот Валенуева, глумејќи заедно со Џони Деп во филмскиот мега-хит „Пиратите од Карибите: На крајот на светот“ од 2007 година.

Серхио играше во уште еден блокбастер, вонземјанин во „Мажи во црно“ од 1997 година.

Калдерон позади себе ги остави сопругата Карен Дакин, децата Патрик Калдерон-Дакин и Јохана Калдерон-Дакин и неговите внуци Кришнави, Емилијано и Викторија.

Следни Објави

Проверено! Овие три работи ќе ви донесат пари во домот

Фенг шуи експертите нагласуваат дека ако сакате енергијата на парите беспрекорно да тече низ вашиот дом и никогаш да немате проблем со финансиите, тогаш треба да ги направите следниве работи! Користете живи бои во „деловните“ делови од станот Каде што седите, каде што работите во станот/куќата, обојте ги тие ѕидови […]