fbpx

Естрадата во неверување: Застрелан познатиот пејач, лекарите се борат за неговиот живот

Лекарите се борат за животот на еден од најпопуларните француски пејачки кој вчера беше застрелан во Бордо.

Кенџи Жирак (27) завршил на интензивна нега откако го погодиле во градниот кош. Нападот се случил во раните утрински часови за време на неговата посета на туристички камп во близина на Бискарос.

Полицијата примила повик за инвцидентот околу 5:30 часот, а кога пристигнала на терен се соочиле со 20-ина лица кои одбиле да дадат каква било информација.

„Во меѓувреме, итната помош укажала на тешко ранет маж кој бил застрелан во градниот кош и итно бил пренесен во болница“, додава упатен во настанот.

Откако било потврдено дека жртвата е победник на музичкиот натпревар „The Voice“, било објавено дека пејачот е во животна опасност.

Жирак е татко на едно дете. На споменатиот музички натпревар победи во 2014 година. Има објавено пет албуми. Жирак често зборуваше за тоа како растел во камп-приколка и како бил принуден да обавува тешка физичка работа откако го напуштил училиштето на 16-годишна возраст, пишува „Дејли мејл“.

Следни Објави

Прва слика со бебињата: Македонскиот водител стана татко

Познатиот македонски водител Марко Новески стана татко. Радосната вест ја сподели на социјалните мрежи. „Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон. Те сакам“, напиша тој на „Фејсбук“ споделувајќи и фотографија од близнаците. Водителот на многу ТВ-проекти кој публиката најмногу го препознава по шоуто […]