fbpx

Естрадата се прости, погребан познатиот пејач: Беше боем до последниот ден

Тажна вест

Со солзи, но и со овации, колегите му оддадоа почит на еден од најдобрите босански изведувачи на севдалинки, легендарниот Сејо Питиќ кој почина пред три дена во Сараево.

„Плава жена, топла зима“ е нумерата со која се прослави во целиот регион.

Откако многу пејачи ќе ја одбијат оваа песна, Сејо ќе ја прифати и сними, па со неа ќе ја освои публиката на фестивалот „Илиџа“ во 1980 година.

Композицијата заврши на скромното деветтото место, но синглот се продаде во милионски тираж и го вивна Питиќ меѓу најголемите ѕвезди на естрадата.

Оние што вистински го познаваа велат дека бил и останал боем до последниот ден. Трипати се женеше, а тоа доволно кажува дека тешко правеше компромиси не само на сцената, туку и во приватниот живот.

Следни Објави

Нови детали за родилката што се обиде да се самоубие: Ова и е прво дете, немала посериозни психолошки проблеми

Родилката која вчера се фрли од првииот кат скопската Клиника за Гинекологија се’ уште се наоѓа во тешка и критична состојба. „Фокус“ неофицијално дознава дека 39-годишната жена има тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата. Директорката на скопската Клиника за гинекологија, Викторија Јовановска, вчера во изјава за медиумите рече […]