fbpx

Почина како во хорор-филм: Пленеше со насмевката, па ѝ се случи нешто морничаво

Пејачката која го отпеа легендарниот хит „Ламбада“ го освои светот со својата енергија, па никој не ни помислуваше дека ќе заврши морничаво

Лоалва Браз Вијеира беше бразилска пејачка, вокалистката на групата „Каома“ која стана планетарно позната по хитот „Ламбада“ на кој танцувавме на крајот на осумдесеттите.

Почнала сериозно да се занимава со музика на 13-годишна возраст и е една од ретките пејачки која уште во тинејџерските години добила повеќе национални признанија за интерпретација.

Во екот на популарноста се преселила во Париз. Била член на Француската академија и наградена со престижниот сребрен медал Prix Thorlet.

Животот ѝ заврши трагично на 19 јануари 2017 година, кога нејзиното тело беше пронајдено во изгорен автомобил во областа Сакуарема во Рио де Жанеиро.

Во полицискиот извештај стои дека двајца мажи ја киднапирале од хотелот каде што живеела, па ја убиле. Подоцна се дозна дека едниот од нив бил човек вработен во нејзината фирма.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Изгуби од Сораја, ја силуваа, па ја пронајдоа мртва: Причината за смртта ги шокира сите

Манекенката и модел Ивана Млаѓовиќ која имаше епизодна улога во популарната серија „Село гори, баба се чешла“, пред пет години беше пронајдена мртва во станот на нејзин пријател во населбата Илиќево во Крагујевац. Според официјалниот извештај, се предозирала со психоактивни супстанци. Покрај телото на девојката, во бесознание беше пронајден и […]