fbpx

Шокантна снимка од македонска судница: Даниел ја запроси Ирена, и двајцата се осудени во „Софтвери“

Сите во судницата останаа вџашени од потегот

Даниел Станчев, осуден во случајот „Софтвери“ ја запроси исто така осудената Ирена Ивановска по изрекување на пресуда. Двајцата се неправосилно осудени, Станчевски на четири години, а Ивановска на три години и шест месеци.

На видеото кое го објави „Слободен печат“ јасно се гледа како таа станува, му одговора потврдно, по што следува бакнеж и прегратка.

Судијаката Фанка Јанчулева-Михаиловска констатирала дека споделиле убав момент и дала пауза од половина час за советот да одлучи дали ќе определи притвор за четворицата обвинети.

Обвинителката Ивана Трајчева побарала да му се определи притвор на романтичниот Даниел Станчев, а како една од околностите навела дека Станчев нема имот и нема оформено семејство.

По ова, Станчев зел збор, ги кажал неговите аргументи против притворот и кога зборувал околу околноста што нема семејство се свртел кон обвинетата, кажал дека е вљубен во неа, клекнал на колена и ја побарал за жена.

Следни Објави

Делови од телото пронајдени во црни кеси: Нови шокантни детали за свирепото убиство на младата тиктокерка од Белград

Во центарот на Белград денеска е откриено злосторството во кое е убиена Ноа Миливојев (18) од Ковиље по кој се трагаше од 17 јуни. Полицијата утврдила дека се работи за брутално убиство кога во бањата од станот на улицата „Цар Лазар 11а“, каде се случило монструозното дело, забележала црни кеси, […]