fbpx

Јутјубер бил во подморницата на смртта: Покажа како изгледа внатрешноста, со него бил и еден од починатите (ВИДЕО)

Извесен јутјубер под псевдонимот Скуба Џејк бил во подморницата Титан пред таа да потоне во длабочините и имплодирала.

Скуба објави снимка од „Оушн Гејт“ на подморницата Титан како и самото качување неколку недели пред трагедијата, на „Мисија III“. Неговата експедиција на крајот беше откажана поради неочекувани проблеми. Трагедијата во која подморницата заврши со експлозија со пет патници во него е „Мисија V“.

Во видеото, меѓу другото, можете да видите како изгледа процесот на влегување во подморницата, затворањето со 17 завртки однадвор и нуркање.

„Да не беше откажана експедицијата, можев да бидам во таа подморница“, вели јутјуберот во видеото кој помина девет дена на бродот „Оушн Гејт“. Тој го покажа и процесот на мерење пред да влезе во подморницата.

Влезот во подморницата можете да го видите од дваесеттата минута од видеото во полето за текст.

„Носев неколку чоколадни бисквити, два сендвичи и камера за да можам сето тоа да го снимам“, објаснил тој.

На видеото може да се види и Стоктон Раш, извршен директор на „Оушн Гејт“ кој загина во подморницата. Во една сцена, Стоктон го покажува и контролорот што управувал со подморницата.

Исто така, во видеото на „јутјуб“ може да се слушне Раш како вели дека го откажува нуркањето бидејќи „нешто не е во ред со мозокот на подморницата“.

„Ова е потсетник дека животот е многу скапоцен и може да исчезне за секунда. Да беше убаво времето, да ме прашаше Стоктон дали сакам место во таа подморница, повторно ќе одев. Можев да бидам таму долу со нив. Благодарен сум што сум овде денес, но луѓето во експедицијата беа прекрасни и многу сум благодарен за целото искуство“, вели јутјуберот на крајот од видеото.

Следни Објави

Сите ми се смеат, две години не сум јадел месо: ВИДЕО со расплакано момче кое собира ѓубре ги разнежни сите

Снимка со момче кое собира ѓубре за да го прехрани своето семејство го обиколи светот и трогна многумина. На една страница на „Инстаграм“ која се занимава со хуманитарна работа и им помага на најранливите луѓе од Блискиот Исток, „Spotlight Humanity“, се појави видео од тинејџерот Кусај кое брои милиони прегледи. […]