fbpx

Тажен ден, естрадата се простува: Почина легендарната пејачка

Почина легендарната пејачка Елвира Воќа. Тажната вест ја објави нејзината дискографска куќа „Кроација рекордс“.

Родена во Загреб на 11-ти декември 1942 година, имаше богата професионална кариера која траеше повеќе од педесет години.

Нејзиното музичко патување започнува во 1959 година кога, како седумнаесетгодишна ученичка во средното хемиско-техничко училиште, се пријавува за „Први пљесак“ и победува. Истата година го освојува и првото место на ревијата „Вечерњи лист“, каде го запознава младиот пијанист Стјепан Михаљинац, кој подоцна и станува сопруг. Се венчаваат во 1961 година и заедно поминуваат педесет и три години.

Елвира Воќа настапи на бројни фестивали и пееше на турнеи надвор од поранешната држава. Сè започна со настапот во италијанската „Кантагира“ во 1963 година, каде во друштво на реномирани имиња се појави како единствена пејачка гостин. Тоа кратко патување во татковината на канцоната на пејачката и носи плоча со „Se mi vuoi“-песна напишана од Џани Ферио, познат по композициите „Parole, parole, parole“ и „Piccolissima serenata“, аранжер на една од водечките италијански дискографски куќи и еден од диригентите на познатиот фестивал Сан Ремо.

Следни Објави

Со години ја камшикувал и горел со цигари: Вака му се одмаздила!

Триесет и две годишна домаќинка од Велс, со години била и физички и психички малтретирана од нејзиниот девет години постар сопруг. Откако сфатила дека ако остане со него нема уште долго да му се радува на животот, таа детално испланирала како да се ослободи од насилникот. Сега, не само што […]