fbpx

Ќе плачам другпат! Потресно обраќање на македонскиот водител, почина неговата мајка

Контроверзниот македонски новинар, водител и шоумен Зоран Василевски сподели тажна вест со своите следбеници на социјалните мрежи.

Тој утрово се збогувал со мајка си.

„Замина во вечноста, таму кај татко ми. Летај пандора, небото е твое“, напиша популарниот Зоки Фаци на „Инстаграм“.

Тој им се заблагодари на сите кои му пратиле пораки со сочувство.

„Јас мајка ми ќе ја испратам утре, онака гордо, со крената глава, достоинствено како што и доликува на дама. Таа ме сакаше дотеран, па така и ќе биде. А, ќе плачам другпат“, вели Василевски.

Во емотивното обраќање до јавноста, на крајот упати благодарност до вработените во Домот за стари лица каде што неговата мајка престојувала.

„Многу тага имаше во мене кога се видовме последниот пат, но со вас занев дека не е сама“, завршува тој.

Следни Објави

Почивај во мир, Владо! Елена Ристеска во неверување по смртта на нејзиниот пријател и соработник

Познатата македонска пејачка и претприемачка Елена Ристеска сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Нашата поп-ѕвезда со трогателна посвета се прости од нејзин близок пријател и соработник. „Се’ уште сум во неверување дека го нема меѓу нас нашиот пријател, технолог и соработник, пред се’ добар човек кој помогнал […]