fbpx

Сергеј проговори за Лила: Еве зошто од најдобри другари станаа непријатели

Македонскиот стилист Сергеј Варошлија во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров првпат во детали јавно проговори за својот однос со Лила Филиповска.

Варошлија и познатата водителка и инфлуенсерка во јавноста се прикажуваа како најдобри другари, но по апсењето на шоуменот и бизнисмен Бојан Јовановски тие престанаа да комуницираат.

На прашањето на Лазаров во каков однос е со Лила, Сергеј му одговори дека тоа треба нејзе да ја праша.

„Не сум во никаков однос со Лила. Лила треба да го демистифицира еден ден тоа, но знаејќи ја неа нема никогаш да го направи тоа. Во одреден момент, не знам, од три четири месеци откако се случи се’, она не’ изблокира на телефон и мене и мајка му на Бојан и ги избриша сите слики од „Инстаграм“ со мене.. и рече.. Никако веќе немојте да ми се јавувате.. И не’ блокна“, раскажува Варошлија.

Тој на гледачите им откри дека по одреден период се сретнале во Лептокарија. Кога го видела, наводно се вознемирила и го замолила да не ѝ приоѓа.

Лила беше неразделна и со естрадниот новинар Зоран Василевски, популарниот Зоки Фаци, но и со него наеднаш ги прекина контактите.

Повеќе за нивниот „конфликт“, читајте ОВДЕ!

Следни Објави

Непланирани пари за овие хороскопски знаци до крајот на месецот

Три хороскопски знаци ги очекува голем успех на финансиски план, ако се суди според предвидувањата на астролозите. По финансиската криза изминатиов период, припадниците на овие знаци од зодијакот ќе „пливаат во пари“ до крајот на ноември. РАК – Пари од странство. Тоа може да биде и соработка со странска компанија. Со […]