fbpx

Таа ме избриша, јас ја блокирав! Зоки Фаци открива зошто се раздели со Лила

Беа неразделни, но сега нема место за неа во неговиот живот

Естрадниот новинар Зоран Василевски кој од неодамна повторно се бори со канцер во неговото ново интервју вели дека мора сам да ја добие оваа борба.

Во интервју за „Слободен печат“ открива како се чувствува по операцијата, особено што допрва му претстои циклусот хемотерапии. Отворено зборува и за починатите родители, но и зошто повеќе не комуницира со Лила Филиповска со која до неодамна беа неразделни.

„Со Лила не сме се виделе. Таа ме избриша од Инстаграм, јас ја блокирав… Криво ми е што воопшто не ми се јави по операцијата, да ме праша како сум. Јас ѝ бев голема поддршка кога ѝ беше најтешко, и двајцата поминавме тежок период. Имаше некои муабети, рекла-кажала… јас не успеав да се одбранам за тоа што ме набедија, и тоа е. Но, таа е голем професионалец, а јас ѝ ја посакувам цела среќа и здравје. Ете, не ми се јави по операцијата, а и нема потреба веќе. Таа имаше тешка година, знам што помина и јас ѝ посакувам се најдобро“, раскажува тој за „Слободен печат“.

Следни Објави

Трагедија! Татко му ја потврди тажната вест! Омилениот актер почина на 35 години

Поранешниот детски актер Еван Елингсон почина на 35-годишна возраст. Тој е пронајден мртов во спалната соба на клиниката за рехабилитација во Фонтана, Јужна Каролина, пишува TMZ. Неговиот татко Мајкл ја потврди тажната вест. На медиумите им откри дека син му се борел со дрогата, но дека во последните години му […]