fbpx

Со голема тага ги пишувам овие редови: Зоран Михајлов скршен од болка

На 73-годишна возраст почина Мирослав Бошковиќ (1950-2023), поранешен атлетичар и професор по историја во пензија.

Беше најголем хроничар на македонската атлетика. Оние што го познаваа имаат само пофални зборови за него.

Се огласи и легендарниот спортски новинар Зоран Михајлов.

„Со голема тага ги пишувам овие редови и не можам да поверувам дека веќе го нема меѓу нас Миро. Замина нечујно, впрочем онака како што живееше, скромно и достоинствено. Професорот како поранешен атлетичар имаше со што да се пофали. Но,тој со оглед на тоа што беше најголем хроничар на македонската атлетика и ги имаше сите резултати на дланка, повеќе пишуваше и ги афирмираше другите атлетичари.

Миро беше и врвен меѓународен судија, а имаше чест да биде меѓу арбитрите и на Универзијадата во Загреб. Со неговото заминување од животната сцена македонската атлетика ќе биде осиромашена за еден голем ентузијаст и пред се чесен и доблестен човек. Овие мигови се најтешки за неговото семејство, но ако ова може да биде некаква утеха за нив, можам да кажам дека треба да им бидат горди што живееја со една таква човечка величина. Бог да го прости, сочувство до најблиските“, напиша Михајлов.

Следни Објави

Колегите се простија од Борче, тажен ден во Македонија

Тажна вест сподели Националната пливачка федерација. Почина Борче Цоковиќ-Цоко. Нивната објава ви ја пренесуваме во целост. Со огромна тага ја примивме жалната вест за ненадејното заминување во вечноста на нашиот спортски работник Борче Цоковиќ-Цоко. Добро познатиот Цоко беше омилен спикер и аниматор на низа генерации пливачи низ безброј државни и […]