Емотивно видео од запросување стана вирално на социјалната мрежа „Тик Ток“ и има неверојатни 16 милиони прегледи.
Момче пред да ја запроси својата девојка, ѝ пушта снимка со аудио запис на кој се слуша нејзиниот покоен татко кој дава благослов тој да ја побара раката на ќерка му. Тој починал само неколку дена пред да биде снимено видеото.
„Синко, имаш моја дозвола колку што можам да ти ја дадам за ова кратко време што ми остана на овој свет. Знам дека ја сакаш Емили и дека ќе се грижиш за неа. Господ да ве благослови, мојот веќе го имате“, се слуша сега веќе покојниот татко на идната невеста.
Очекувано, Натали е трогната од целиот настан и не може да ги задржи солзите.
„Знаев колку е важно за тебе да добиеш дозвола од татко ти и успеав пред само неколку дена. Ќе се омажиш ли за мене?”, ја прашува младото момче Емили. „Да“, низ плач му одговара таа.
Видеото навистина ги трогна луѓето.
„Ова е најдоброто запросување досега“, „Плачам“, „Ова е преубаво и преемотивно, честитки“, „Каков добар човек“, се само дел од коментарите под објавата.