fbpx

Огромна тага! Почина познатата водителка, колешката се сруши пред камера

Британската медиумска компанија ITN на својот профил на „Твитер“ објави дека починала нивната позната водителка Емили Морган.

Уредничката за здравство и наука на ITN News се упкои на 45-годишна возраст по кратка битка со ракот на белите дробови.

Познатата новинарка во последното нејзино обраќање во јавноста изрази желба да не остане запаметена по достигнувањата во кариерата, туку како мајка, сопруга, сестра, ќерка и пријателка, бидејќи, како што рече, тоа е она важното.

Емили известуваше за пандемијата на коронавирусот од првата линија на фронтот, а новинарката Герант Винсент не успеа да ги задржи солзите оддавајќи ѝ почит на прерано починатата колешка.

„По кратко боледување не’ напушти нашата колешка и сакана пријателка Емили Морган. Емили овде работеше 23 години, прво зад сцената како продуцент, а потоа известуваше за политичката и здравствената состојба во земјата. На 45-годишна возраст таа беше на врвот на нејзината кариера, со што може да се согласат сите што го следеа нејзиното известување за пандемијата на коронавирусот“, изјави Винсент.

Таа додаде дека Емили е сопруга, мајка на две ќерки, сестра и ќерка и дека мислите на нејзините колеги се со нејзиното семејство.

„Емили беше горда што е новинарка, но уште повеќе беше горда на своето семејство“, заклучи Винсент.

Следни Објави

Млад остана без мајка, скромноста никогаш не го напушти: Кој е победникот на „Валандово“?

Мишко Крстевски триумфираше на 36-тото издание на „Фолк-фест Валандово“ со нумерата „Ема убава”. На социјалните мрежи коментираат дека неговата победа е заслужена, што ретко се случува ако се земе в предвид дека публиката постојано има забелешки за наградените, а неретко се сомнева и во наместени избори. Крстевски е повеќе од […]