fbpx

Јас богата, а тој вози југо: Раскинала со момчето оти било сиромашно, па длабоко се покајала

Анонимна девојка која пораснала во изобилие одлучи јавно да ја сподели својата љубовна приказна за да им покаже на луѓето дека материјалните работи не се пресудни за среќен живот.

„Богата сум. Можам да си приуштам се’ што ќе посакам. На 24 години се вљубив во момче кое припаѓа на просечна фамилија, вози стар автомобил, но е преубав, интелигентен, најдобар студент на медицина“, ја започнува својата исповед таа.

Вели дека просто го обожавала, но дека многу тешко се носела со критиките на пријателите кои постојано го исмејувале.

„Почнаа да го нарекуваат „југо бој“ бидејќи го возеше југото на дедо му. Се срамев кога ќе излезев со него, едноставно суетата ги победи емоциите“, продолжува таа.

Го оставила со објаснување дека не припаѓаат на иста класа, дека неа ѝ треба некој имотен што би одговорил на нејзините потреби.

„Па, затоа сите ми се десетки и давам се’ од себе еден ден кога ќе се оженам да можам да му овозможам на моето семејство се’ што е неопходно. Но, џабе е сето тоа, ако нема љубов“, ѝ одговорило момчето.

Речиси во истиот миг, таа сфатила дека направила голема грешка.

„Таа вечер сфатив дека џабе ми е се’ што имам кога него го изгубив. Се борев да се смириме, но не сакаше. Сега има жена, работи во Чикаго како кардиохирург и има едногодишно дете. А јас сум пропадната богаташка која живее на грбот на родителите. Се’ уште го сакам“, заклучува оваа девојка.

Фото: Википедија/Мр.Чоперс/Шатерсток

Следни Објави

Не очекував дека Павле ќе се роди ваков: Сузана проговори за бременоста

„Бебе џин“ тешко 6,5 килограми и долго 68 сантиметри се роди на петти август во породилиштето во Горњи Милановац. Како што велат оттаму, ова момче е сигурно најголемото бебе досега, а ниту лекарите ниту родителите не очекувале дека ќе биде толкаво. Ова е трето дете за мајката Сузана Кучина (27) […]