fbpx

Не очекував дека Павле ќе се роди ваков: Сузана проговори за бременоста

„Бебе џин“ тешко 6,5 килограми и долго 68 сантиметри се роди на петти август во породилиштето во Горњи Милановац.

Како што велат оттаму, ова момче е сигурно најголемото бебе досега, а ниту лекарите ниту родителите не очекувале дека ќе биде толкаво. Ова е трето дете за мајката Сузана Кучина (27) која се породи со царски рез, а како што им изјави на медиумите, немало индиции дека малиот Павле ќе биде толку голем.

„Бременоста беше нормална, средена, физички ми беше потешко, знаевме дека е тешко, но не знаевме дека е до толку. Најмногу сакав да јадам солена храна, не избирав, само јадев малку повеќе“, раскажува мама Сузана.

Открива дека претходните две деца ги родила со нормална тежина, околу 3.700 грама.

„Немаше разлика во однос на другите две бремености. Можеби единственото нешто е што јадев малку повеќе, но само солени оброци и бев попасивна. Сега знам зошто, бидејќи бебето беше навистина големо. Не знаеме како порасна толку многу, но многу сме среќни. Најважно е се’ да помине како што треба“, вели оваа среќна мајка.

Следни Објави

Марија загина за 240 денари: По жестока расправија, сторила нешто неочекувано

Девојка од Колумбија починала од тешки повреди на главата откако скокнала од такси во движење поради расправија за цената на превозот Марија дел Кармен Карденас (34) мислела дека таксистот ѝ наплаќа поскапо за возењето, што ја натерало да скокне од автомобилот. Инцидентот се случил во Баранкиља во северна Колумбија на […]