fbpx

И тоа се случи кај нас: Судијка му судеше на сопругот (ФОТО)

Навистина невообичаена глетка во фудбалскиот свет. Истата се случи на средбата во Струмица меѓу Брера и Воска спорт.

Четврти судија на оваа средба беше меѓународната судијка Ирена Велевачковска. Таа е сопруга на Александар Ристевски, фудбалер на Брера кој претходно играше во Брегалница.

Се работи за скромни сопружници, коректни, мирни и чесни, пишува порталот „Штипски асови“.

Судиската четворка во Струмица не направи ниту една грешка. Судеше објективно и професионално. На теренот, тоа не еднаш сум го кажал, нема пријателство, мора да се суди по правилата на фудбалската игра. На старот нашата екипа забележа две победи. Среќен сум што играм во оваа екипа, но убавите спомени од Штип никогаш не можам да ги заборавам“, вели Александар Ристевски, сопругот на судијката Ирена Велевачковска-Ристевска за истиот портал.

Следни Објави

Нè лажеле цело време: Докторка се врати од мртвите, откри што видела на „другата страна“

Докторката Кејси Престон од Сакраменто тврди дека успеала да се врати од мртвите. Според констатацијата на нејзините колеги, таа околу 40 секунди била на „другата страна“. Кејси се враќала од работа кога, поминувајќи на пешачки, на една од најфрекфентните улици во градот ја удрил автомобил. Од силината на ударот паднала […]