По 19 години, професорот и поранешен македонски министер Љубомир Фрчкоски (65) и неговата сопруга Ирена одлучија да се разделат.
Двојката се разделила спогодбено и наводно останала во добри односи.
Ирена, инаку правничка по професија, даде и кратка изјава.
„Точна е информацијата за разводот, ние остануваме во коректни односи во интерес на децата, и замолуваме да се почитува нашата приватност“, вели таа за „Фокус“.
Ова беше нејзин прв брак, додека пак на Фрчкоски му беше втор. Имаат две деца, син и ќерка.
Фрчкоски е актуелен шеф на Мисијата на Македонија при Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк.