fbpx

Никогаш повеќе нема да ја фрлате водата од сварениот компир: Со овој трик се бришат сите дамки

Знаете ли дека е многу корисно да го измиете подот со водата од сварениот компир. Можеби звучи чудно, но скробот и минералите кои ги содржи се одлични за отстранување на дамките.

Дали сте слушнале за револуционерниот трик на Австралијката Кери Барлинг за чистење на подни плочки? Во потрага по природно решение, оваа мајка употребила едноставен и ефикасен рецепт за да ги одржи плочките од бањата чисти и што е најважно сјајни.

Згора на тоа, трикот го привлече интересот на многумина бидејќи е природен, без употреба на хемикалии.

Истурете ја водата на подот. Оставете да делува неколку минути пред да исплакнете со топла, чиста вода користејќи добро исцедена крпа.

Покрај овој необичен совет, оваа жена на домаќинките дополнително им откри и една „златна мешавина“ од три состојки која совршено ги чисти плочките.

„Земете кофа за чистење и наполнете ја со топла вода. Додадете една лажица течен сапун, една лажица детергент за миење садови и една лажица кристали со сода. Користете четка со рачка за темелно чистење. И да, важно е малку посилно да ги исчистите повалканите делови. Покрај тоа што вашиот под ќе блесне, паралелно ќе ги затегнете и мускулите на рацете. Не звучи лошо, нели? Зак крај, избришете со крпа и оставете природно да се исуши на воздух со отворање на прозорецот. Плакнењето е важно, но важно е и сушењето“, порачува оваа жена.

Следни Објави

Утре го славиме големиот Господов гласник: Еве што мора да направите

Утре е Свети Архангел Гаврил, празник во народот познат и како летен Арханѓел. За овој ден се врзуваат многубројни обичаи. На оние кои ја почитуваат верата на тој ден им е забранета скоро секаква работа. Свети Архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како […]