fbpx

Почина познатиот фолк-пејач: Беше прекрасен сопруг и татко

Еден од најпознатите британски пејачи на фолк музика, Роџер Витакер, почина на 87-годишна возраст.

Во соопштението на неговото семејство, кое го објави германски „Билд“, се наведува дека уметникот починал на 13. септември во болница во јужна Франција.

Познатиот пејач ги испеа хитовите Durham Town, New World In The Morning и верзија на Wind Beneath My Wings. Остана забележана и неговата соработка со Дес Оконор на Skye Boat Song од 1986 година.

„Роџер беше култен уметник, прекрасен сопруг и татко. Допре многумина со својата музика и секогаш ќе живее во нашите срца”, се наведува во соопштението на семејството на славниот пејач.

Беше во брак со сопругата Натали од 1964 година, со која има пет деца, Емили, Лорен, Гај, Џесика и Александар. Зад себе остави и 11 внуци.

Витакер бил кремиран на приватна церемонија во саботата, пренесува „Билд“.

Следни Објави

Четири пати се женеше, поради ова немаше деца: Легендарниот актер криеше голема тага

Никола Симиќ, легендата на југословенскиот театар, почина во 2014 година, а ќе остане запаметен по маестралните улоги кои ги одигра. Важеше за актер кој љубоморно го чува својот приватен живот и не сакаше да зборува за своето семејство. Во едно од ретките интервјуа кои ги даде зборуваше дека заљубувањето го […]