Тања Ќосиќ беше пејачка на оркестарот „Идила бенд“, а нејзината смрт и по толку години е вистинска мистерија.
Интерпретаторката од Ужице беше ликвидирана во 2005 година на 34-годишна возраст.
Сè уште непознатиот убиец, пред 18 години подметна десет килограми тротил под нејзиниот автомобил во населбата кадешто живееше , со што целосно ѝ го разнесе возилото и ја уби на лице место.
И по толку години ова злосторство не е расветлено и правдата не е задоволена. Убиецот и нарачателот на убиството никогаш не беа изведени пред суд, а истрагата само утврди дека несреќната девојка со глава платила поради тоа што била во врска со контроверзниот Мирко Николиќ (57), познат како Црногорецот од Цетиње.
„Се шпекулираше дека истрагата довела до тоа дека убиството на Тања всушност било предупредување за нејзиниот партнер, кој во тоа време требаше да биде сведок на судењето на Дамир Мандиќ, обвинет за ликвидација на Душко Јовановиќ, главниот уредник во весникот „Дан“. Ова подоцна го потврди избраникот на Тања за време на сослушувањето“, изјави тогаш мајката на Тања, а потоа откри дека помалку од 15 месеци по експлозијата, партнерот на Тања исто така бил тешко повреден во пресметка на Златибор.
„Брука и срам што 16 години чекам правда! Никој не кренал прст за сите овие години. Убиецот и нарачателот на убиството на ќерка ми мирно шетаат некаде, а таа е под земја. Ја убија како куче“, изјави Мица Ќосиќ за „Курир“.