fbpx

ШОК ВО ХОЛИВУД! Минатата недела го погреба татка си, сега е пронајден мртов

Младиот актер од популарната серија „Еуфорија“, Ангус Клауд, почина на 25-годишна возраст.

Според извештаите, актерот починал во својот дом во Оукленд, а долго време се борел со психички проблеми.

Неговото семејство упати порака до сите кои се борат со менталното здравје дека не се сами.

„Со голема болка моравме да се збогуваме со овој неверојатен човек. Ангус беше посебен по многу нешта, и како уметник, но и како пријател, брат и син. Минатата недела го погреба татка си и тешко ја поднесе загубата. Единствената утеха што ја имаме е да знаеме дека Ангус сега е повторно со него. Неговиот татко беше негов најдобар пријател. Ангус се бореше со менталното здравје и се надеваме дека неговата смрт ќе биде потсетник за другите дека не се сами и дека не треба да се борат во тишина“, се вели во соопштението на семејството.

Најблиските на Ангус побараа приватност и почит во овие тешки моменти за нив.

„Се надеваме дека светот ќе го памети по неговиот хумор, по насмевката и по љубовта кон сите“, велат тие.

Сè уште не е позната точната причина за смртта. Според она што го вели семејството, може да се претпостави дека причината била тоа што исклучително тешко се справувал со загубата на татко му и со психичките проблеми.

Во мегапопуларната серија „Еуфорија“ го играше шармантниот лик Феско, од 2019 до 2022 година.

Следни Објави

Мајка на пет деца збесна, па почина: Еве што ја предизвикало трагедијата

Се верува дека 29-годишната Кира Кент страдала од болка во умниците. Полицајците кои храбро се бореле да го спасат животот на оваа млада жена велат дека доколку брзата помош пристигнала порано на местото на настанот, можеби исходот не би бил трагичен Кира Кент, мајка на пет деца од Обединетото Кралство, […]