fbpx

Ова е осомничениот Драган: Поради неговата терапија девојка му почина

Драган М. (40) кој неготинската полиција го уапси поради сомнение дека сторил кривично дело овозможување конзумирање наркотични дроги, пред обвинителот негирал дека на Сандра К. (32) ѝ дал дел од метадонската терапија, поради која таа починала.

Осомничениот е повеќекратен осуденик, а според неофицијални информации бил осолободен од притвор непосредно пред трагедијата.

Драган М. е осомничен дека на крајот на јуни во куќата каде што живее во Неготин и дал дел од метадонската терапија на Сандра К., по што таа починала.

„По извршената обдукција и ДНК-прегледот, тој е уапсен бидејќи резултатите покажале дека жената починала поради труење со метадон. Осомничениот тој ден ја подигнал метадонската терапија, а покрај телото на жената биле пронајдени и реквизитите што ги користела“, вели извор за Нова.

Како што додава, против Драган М. е издадена наредба за спроведување истражна постапка, а откако бил сослушан, Вишиот суд во Неготин му одредил мерка притвор.

„Тој ја отфрла својата одговорност, вели дека не дозволил Сандра да користи метадон. Сепак, токсиколошките наоди покажале дека во нејзиното тело имало поголема доза на метадон како и други супстанци кои ги измешала. Таа не била на метадонска терапија, а тој да“, наведува соговорникот и додава дека постои сомнеж дека тој всушност ѝ овозможил да користи метадон.

За сторено кривично дело неовластено држење и пуштање во промет наркотични дроги, поточно марихуана, Драган М. веќе бил осуден со пресуда на Вишиот суд во Неготин.

„Но, по донесувањето на пресудата, неговиот бранител поднесе жалба, како и обвинителот, поради што Апелациониот суд нареди повторно судење. Во меѓувреме му беше укинат притворот и после тоа се случи токму овој немил настан. Тој е повеќекратен осуденик“, вели соговорникот.

Починатата Сандра К. на надлежните органи им била позната уште од најраната младост.

„Таа е регистрирана како наркоман на 14 или 15 години. Всушност, таа била жртва на трговија со луѓе на многу млада возраст, односно нејзиниот тогашен партнер, кој ја навлекол на хероин, ја подведувал на мажи за пари. Потоа како малолетна и било извршено вештачење, каде било утврдено дека емотивно копнее по семејството и нејзината мајка која во тој момент не сакала да слушне за неа. И требаше внимание и родителска љубов, а како наивно дете падна во рацете на погрешни луѓе. Таа беше осудена неколку пати во подоцнежните години. Судбината на таа жена е трагична“, раскажува истиот соговорник.

Следни Објави

Утре е голем ден! Направете го ова за Вера, Надеж и Љубов

На 30 септември се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки Вера, Нада и Љубов ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.  Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки. […]