fbpx

Падна одлука! Парите ќе бидат префрлени в понеделник: Еве кои граѓани ќе добијат најмногу

Во понеделник почнува исплатата на зголемените пензии, но не за 6.8, туку за 5.3 отсто.

Најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус на нивните сметки. Пензионерите, пак, со најниски пензии ќе добијат само 700 денари.

Од Министерството за труд и социјала велат дека согласно методологијата и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември ќе биде зголемена за 5.3 отсто.

„Ова е второ усогласување за оваа година. Во март беше зголемена за 8.4% и заедно со 5.3% во септември, изнесува вкупно 13.7%“, велат оттаму.

Пензионерите не се задоволни. разочарани. Не им е прифатено ниту барањето за линеарно покачување од 3.500 денари за сите, ниту минимална пензија од 18 илјади денари.

Следни Објави

Откривањето на полот е возбудливо, но овој татко заврши со скршен нос (ВИДЕО)

Урнебесно! Иако откривањето на полот на бебето во повеќето случаи е возбудливо и посебно искуство за родителите и поширокото семејство и пријателите, понекогаш може да тргне наопаку. Така, една трудница случајно му го скрши носот на својот сопруг и иден татко. Видеото брзо стана хит на социјалните мрежи, а моментално […]