Урнебесно!
Иако откривањето на полот на бебето во повеќето случаи е возбудливо и посебно искуство за родителите и поширокото семејство и пријателите, понекогаш може да тргне наопаку.
Така, една трудница случајно му го скрши носот на својот сопруг и иден татко.
Видеото брзо стана хит на социјалните мрежи, а моментално има повеќе од 32 милиони прегледи и еден милион коментари.
Како што можете да видите на снимката, воодушевената трудница скока од радост кога дознава дека носи девојче, но случајно со главата го удри сопругот во носот и му го крши.