Ненадејно почина италијанскиот инфлуенсер Лоренцо.
Имаше само 40 години, а причината за смртта е срцев удар.
„Се чувствувам многу лошо. Не ми се верува“, им изјави неговата сопруга на медиумите.
Смртта не можела да биде потрагична. Трагедијата се случила додека си играл со децата во нивната куќа во близина на Неапол.
„Само падна на подот и остана неподвижен. Сите се стрчаа да помогнат, полицијата и брзата помош пристигнаа брзо, но и покрај напорите на лекарите да го спасат, неколку часа по инцидентот починал. Три деца останаа без татко“, раскажуваат соседите.
Публиката го препознаваше по впечатливите тетоважи, но и по начинот на живот. Често објавуваше видеа на кои управува луксузни автомобили, облечен во скапа брендирана облека.
Неговите колеги, но и фановите се во неверување и шок.
„Останав без зборови. Се слушнавме денес, многу сум тажен, ова како да не е реално“, коментираат тие.
„Во некои лоши моменти од мојот живот, твоите видеа со семејството ми ја враќаа насмевката. Се чувствувам уништено“, напиша еден фан на „Инстаграм“.