fbpx

Српски „Курир“: Цеца запеа на свадба кај македонскиот тајкун

Светлана Цеца Ражнатовиќ беше специјална музичка гостинка на гала свадба во Македонија, пишува српски „Курир“.

Станува збор за веселбата на Јордан Мијалков, постариот син на поранешниот шеф на УБК, Сашко Мијалков.

Откако пред една година тој и неговата избраничка имаа интимна прослава за најблиските, викендов направија црковна венчавка во Бигорски и спектакуларна забава во еден скопски хотел.

Цеца особено ги воодушевила гостите кога го отпеала хитот „Македонско девојче“, пишуваат српските медиуми.

Инаку, таткото на младоженецот сакал венчавката да се одржи во Македонија, иако младенците живеат во Монако. Таа била единствената српска ѕвезда, а сите останати биле странски изведувачи, пишува „Курир.рс“.

Следни Објави

Луна конечно на операција во Истанбул

Посакуваме успешна операција и брзо закрепнување Луна Поп-Костова, храбрата гевгеличанка за која хуманите луѓе донираа средства, конечно отпатува за Истанбул на договорената операција во приватната клиника „Аџибадем“. „За неколку часа заминуваме за Турција. Бог нека ми ја чува Луна и да ѝ ја даде потребната сила да ги издржи и […]