fbpx

Скандал! Пејачот ја изневерил вереницата пред свадба, испливаа сите детали

Во медиумите како бомба одекна веста дека популарниот рапер Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, ја изневерил својата сегашна сопруга непосредно пред свадбата.

Девито пред само неколку месеци се сврши со својата поубава половина, а неодамна се заколна на вечна љубов и тоа под посебни услови, дознава српска „Република“.

Младиот изведувач организирал се’ во апсолутна тајност, па од своите 70-тина гости побарал да потпишат договор за доверливост, а на секој од нив му било забрането да користи мобилен телефон, за да не се појавуваат снимки и фотографии во јавноста.

Иако сето тоа изгледало сосема идилично, раперот само неколку недели пред венчавката се гледал со друга девојка, а се’ пукнало бидејќи и тој побарал од неа да потпише договор за приватност, пишува истиот портал.

„Неодамна беше со девојка. Тој побарал од неа да потпише договор за доверливост кој ја обврзува дека не смее никому да каже дека се гледале. Секако дека девојката го одбила. Се гледал со неа додека бил свршен“, открива извор за споменатиот медиум.

Следни Објави

Почина жена на концертот на Калиопи: Пејачката не може да се соземе, очевидци сведочат

Госпоѓа од Македонија на возраст од околу 70 години вечерва починала на концертот на нашата поп-дива Калиопи во салата на МТС, информираат српските медиуми. Несреќната жена, која на концертот пристигнала со пријателки и со ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брзата помош. За жал, и […]