fbpx

Мајката на Наум наполни 80: Славната снаа директно ѝ се обрати (ФОТО)

Мајката на познатиот македонски пејач Наум Петрески викендов го прослави својот 80-ти роденден.

Семејството се собра во еден познат локал, а фотографии од дружењето сподели снаата Зуица Лазова.

„Да ти се множат мајче. Дај боже да доживееме и да бидеме како тебе!“, напиша пејачката на социјалните мрежи.

Зуица и Наум се една од најпознатите македонски двојки. Фолк-ѕвездите живеат заедно повеќе од деценија и пол, но малкумина знаеја дека се’ до лани тие не беа во брак. Популарните пејачи дури во јули минатото лето решија да склопат граѓански брак и да се заколнат пред Бога.

Плод на нивната љубов се ќерката Македонка која студира соло-пеење на Факултетот за музичка уметност и синот Стефан кој годинава прослави полуматура.

Следни Објави

Македонија му се смееше на глупостите: Почина ѕвездата од „Големиот брат“

Почина Радиша Миљковиќ, учесник во реалните шоуа „Големиот брат“ и „Фарма“. Славниот Радашин починал синоќа во родното село Љуптен, меѓу Алексинац и Ниш. Тажната вест за „Блиц“ ја потврди неговиот кум. „Почина синоќа. Вчера бев во селото и беше критично“, изјави тој. По учеството во реалните шоуа, Радашин често го […]