fbpx

Се откажаа од синот преку весник: Тој и снаата за нас не постојат!

Онаа народната „Ќе се откажам од тебе преку весник“, оваа брачна двојка ја спроведе на дело

Како вистинска сензација во регионалните медиуми пред три години одекна приказната на Крунослава и Фрањо Шимповиќ кога одлучија јавно, преку весник, да се откажат од својот, во тоа време, 45-годишен син.

Четири години ги немал посетено, а исто толку време си ги немале видено ниту внуците.

„Јавно се откажуваме од нашиот син, но и од нашата снаа. За нас, едноставно повеќе не постојат. Ќе направиме се’ и правно да биде „избришан“ како наш син“, порачаа тие.

Во таа прилика раскажаа дека од мали нозе му овозможувале се’ што ќе посакал, а неговото неподносливо однесување кон нив почнало уште во студентските денови.

„Уште тогаш не бираше зборови, особено кон мене. Бевме добри за него само кога му праќавме пари, а односот дополнително се влоши кога се ожени. Првите три години нашата снаа беше добра, а потоа преку ноќ се’ се промени. Секој телефонски повик завршуваше со тешки навреди и ни забрани да ги гледаме внуците“, раскажа Крунослава.

Таа и нејзинот сопруг особено се налутиле кога синот и снаата им рекле на децата дека нивните баба и дедо живеат во Америка.

„Скршени сме. Не ни остана ништо друго, освен да се откажеме од нив и преку весник“, порача Фрањо.

Нивниот син не сакаше да го коментира овој потег на родителите.

„Мене ова ми е смешно, секој дополнителен коментар е непотребен“, кратко изјави тој.

Фото: Никола Волф/Подравски.хр

Следни Објави

Чистењето веце-шолја никогаш полесно: Неверојатна финта со овој кујнски производ

Една жена од Австрија со своите пријатели на „Фејсбук“ сподели трик за чистење од кој жените се воодушевени. Таа ја откри тајната како наједноставно да го исчистите тоалетот од најтврдокорните дамки со помош на само еден производ кој инаку се користи за печење. Лорен им раскажа на домаќинките како преку […]