Почина Радиша Миљковиќ, учесник во реалните шоуа „Големиот брат“ и „Фарма“.
Славниот Радашин починал синоќа во родното село Љуптен, меѓу Алексинац и Ниш.
Тажната вест за „Блиц“ ја потврди неговиот кум.
„Почина синоќа. Вчера бев во селото и беше критично“, изјави тој.
По учеството во реалните шоуа, Радашин често го ангажираа како перформер во ноќните клубови.
Последните денови од животот ги поминал во родното село со сопругата Златка, синот, снаата и четирите внуци (Јелена, Јован, Петар и Христина).
Последните години се занимаваше со земјоделство.