fbpx

Естрадата тагува! Почина младиот пејач, страшни детали за трагедијата

На 28-годишна возраст почина бразилскиот пејач Дарлин Мораис откако пајак го каснал на лицето.

Компликациите имале фатален исход.

Несреќата се случила во неговиот дом на 31 октомври во Миранорте. Неговата ќерка, која ја доживеала истата несреќа, итно е хоспитализирана и е во стабилна состојба, изјави нејзината мајка и сопруга на пејачот за бразилската новинска агенција G1.

Таа им откри на медиумите дека Дарлин се чувствувал исклучително уморно, а бојата на модринките предизвикани од каснувањето од пајакот почнале нагло да се менуваат. Доживеал алергиска реакција, лекарите од Општата болница Палмас не можеле да му помогнат.

Дарлин Мораис се занимаваше со музика од својата 15-та година. Беше ѕвезда на многу популарниот жанр foroom. Настапуваше со бенд во кој членуваше и неговиот брат, пишува „Дејли Меил“.

Следни Објави

Маж ѝ на Маријана почина три дена по свадбата: Чудни околности, семејството бара помош

Маријана и Нејт се венчаа на 28 октомври и отпатуваа на Карибите. Три дена подоцна се случи трагедија Медениот месец на една двојка од Охајо заврши трагично, откако сопругот почина во чудна несреќа само три дена по нивната венчавка, пишува во објавата на GoFundMe. Во истиот „пост“ е наведено дека […]