fbpx

Уште еден монструм си ја уби партнерката: Ана објави романтични слики, а потоа се случи хорор

Ана Елиса Фонтана (48), мајка на пет деца од Италија, почина од изгореници откако два дена се бореше за живот во градската болница во Палермо.

Ана од Пантелерија, ноќта меѓу петокот и саботата, беше жива запалена од нејзиното момче Онофрио Бронзолино и итно хоспитализирана. Се здоби со тешки изгореници и лекарите веднаш брифираа дека треба да се случи чудо за да се извлече.

Во истата болница е сместен и нејзиниот партнер, но на различно одделение. Оттаму изјавија дека постои ризик да остане слеп поради сериозни рани на лицето предизвикани од пламенот.

Убиената и осомничениот живееле заедно и подолго време имале нарушени односи, коментираат соседите. Ана има пет деца од претходниот брак.

Тамошните медиуми пишуваат дека пред инцидентот почнале да се расправаат во една позната кафеана во Пантелерија, а кавгата продолжила дома. Онофрио наводно збеснал откако Ана се поздравила со познаник, сопруг на една од нејзините пријателки. Во даден момент земал лименка со бензин која ја чувал во оставата, ја полил и ја запалил. Ана очајно се обидувала да го изгасне пламенот и веднаш истрчала во бањата, пренесува „Рај њуз“.

Двојката изгледала среќно на социјалните мрежи. И двајцата постојано објавувале заеднички фотографии од одмори и никој не можел да претпостави дека може да се случи една таква трагедија.

Следни Објави

Се огласи Ирена Спасовска: Стигна и шеикот (ФОТО)

Ирена Спасовска деновиве ужива во Дубаи и постојано објавува фотографии и видеа на социјалните мрежи. Ноќно крстарење низ марината, посета на единствениот хотел во светот со седум ѕвезди изграден комплетно на вода, поглед од 125-от кат од највисоката зграда во светот Бурџ Халифа.. Ова се само дел од знаменитостите препознатливи […]