fbpx

Ја уби погрешна лажица: Ја објавија веридбата, па стигна страшната вест

Момче скршено од болка го опиша најлошиот ден во неговиот живот, откако неговата вереница смртно настрада само затоа што посегнала по погрешна лажица.

Крејг Мекинон (25) од Солсбери, Велика Британија, вели дека годините кои ги поминал со неговата врсничка Џес Принсли се „незаменливи“.

Се верува дека Џес починала од акутна алергиска реакција на млечни производи додека била на романтичен одмор во Јужна Африка.

Крег ја запросил саканата во Мпумаланга, а три дена подоцна отпатувале во куќата на нејзината мајка во Јоханесбург. Овде таа дошла во контакт со млеко и доживеала анафилактички шок, алергијска реакција од која грлото се затвора. Несреќната девојка починала следниот ден во болница, а лекарите сметаат дека со погрежна лажичка го измешала чајот.

Џес била воодушевена од запросувањето и радосната вест веднаш ја споделила на социјалните мрежи. Судбината сакала следната нејзина објава на „Фејсбук“ да биде дека е во критична состојба сместена во болница.

Крег појаснува дека неговата емотивна партнерка секогаш била внимателна кога е во прашање алергијата, но лековите кои ги носела со себе овојпат наводно не делувале.

„Кога Џес почина, почина и дел од мене, но никој не е виновен за нејзината смрт“, раскажа несреќното момче за „Мирор“.

На Џес ѝ била дијагностицирана алергија на млечни производи кога имала само девет месеци. Претходниот пат кога дошла во контакт со млеко имала 18 години и во таа прилика едвај ја реанимирале.

Следни Објави

Огромна тага! Пејачката ја загуби битката, Симиќ почина на 41 година

Почина Хариета Симиќ (41), пејачката која се прослави под уметничко име беше Харина. Симиќ ја загуби битката со ракот на дојка. Пред една недела паднала во кома, а вчера починала, информираат српските медиуми. „По операцијата кога ми ја отстранија дојката, отидов на хемотерапија и ми рекоа дека сум здрава, но […]