fbpx

Пееше за „кучкин син“, па преку ноќ ја снема: Еве каде е сега нашата пејачка

„Кучкин син“ е хитот по кој и денес ја препознаваат Верица Пандиловска.

Македонската пејачка речиси комплетно се повлече од естрадата и одлучи креативниот израз да го насочи во една сосема поинаква насока.

Веќе извесен период живее на релација Македонија-Холандија, откако нејзиниот сопруг најде работа во земјата на лалињата.

Пандиловска е еден од основачите и претседател на Здружението за образовно истражувачки развој ЕУ ИНСТИТУТ Скопје. Станува збор за граѓанска организација основана со основна цел за промовирање и развој на европските вредности преку организирање и реализација на истражувачки и едукативни проекти од областа на европските вредности, меѓуетничките односи, човекови права, пазарот на капитал, медиуми и комуникации и други соодветни активности, како семинари, конгреси, тренинзи и обуки.

Нашата поранешна поп-ѕвезда во 2021 година ја издаде и нејзината прва книга „Невербална комуникација“, која носи силна порака. На промоцијата откри дека сите собрани средства од продажбата на книгата ќе бидат усмерени кон проект наменет за жртви на семејно насилство.

Верица Пандиловска се’ поретко ја гледаме на музички настани, но редовно ја има на социјалните мрежи.

Од фотографиите што ги споделува се гледа дека имиџот значително ѝ е променет, сега се’ поретко се шминка и практикува природен изглед.

Следни Објави

Беше Мис на Македонија, па комплетно ѝ се промени животот: Еве што работи денес

Поминаа две децении откако Марија Васиќ беше прогласена за Мис на Македонија во тогаш преполната Универзална сала. Со убавина, грациозност и шарм победи на, во тоа време, најпрестижниот избор за убавина кај нас. Од времето кога во 2003 година отпатува во Кина за да ја претставува Македонија на Мис на […]