Постојат десет таканаречени заповеди кои се сметаат за женска библија.
Истите ви ги пренесуваме во продолжение, а вие добро запомнете ги!
1. Никогаш не карајте се со идиот. Прво ќе ве спушти на негово ниво, а потоа ќе ве победи со своето искуство
2. Никогаш не фрлајте со кал кон луѓето. Може да не стигне до нив, но ќе остане на вашите раце.
3. Никогаш не се сомневајте во вашата привлечност. Вагата може да лаже, луѓето да завидуваат, а огледалото да биде сосема искривено.
4. Не барајте ги оние кои не ве бараат и не чекајте ги оние кои не ве чекаат.
5. Ако ви кажат дека воз ви поминал, потсетете се дека постојат и авиони и бродови.
6. Добрите нешта почнуваат да ви се случуваат кога ќе се оддалечите од негативните луѓе.
7. Наместо да ги бришете солзите од лицето, избришете ги луѓето од вашиот живот кои ве натерале да плачете.
8. Никогаш не вртете се назад, затоа што не можете да промените ништо што се наоѓа таму.
9. Никогаш не споредувајте се со другите. Не споредувајте го вашето здравје, сопруг, деца или плата.
10. Ако на својот пат не сретнете некој еднаков или подобар од вас, продолжете понатаму. Не постои пријателство со будали.