fbpx

Нови сознанија за убиствата на Вања и Панче: Ништо не било случајно

Истрел од огнострелно оружје е начинот на кој е убиена Вања Ѓорчевска, покажува извештајот од обдукцијата на Судска медицина.

Наодот кој се работеше 17 дена, ги демантира гласините по медиумите, но и коментарите од професорката по криминалистика дека девојчето било задушено во вреќата при грабнувањето.

Обдукцијата на двете жртви на Љупчо Палевски-Палчо е готова и предадена во обвинителството, а осомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се’ уште е во екстрадициски притвор во Турција.

ТВ-магазинот КОД открива дека за грабнувањето на 14-годишното девојче постоел добро организиран план во кој групата водена од Палевски имала строга хиерархија.

Најмалку една разузнавачка агенција имала податоци за активностите на Палевски и на неговата партија Десна.

Истрагата за грозоморното убиство се’ уште е активна, а резултатите се скриени пред јавноста, информира КОД во најваната шпица.

Следни Објави

Нови шокантни сознанија за грабнувањето: Еве што се случувало со малата Вања

Палчо добил голема сума пари од Швајцарија по убиството, киднапирањето се вежбало со денови Нови шокантни сознанија за грабнувањето и за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, како и за ликвидирањето на 74-годишниот Панче Жежовски беа презентирани во последното издание на ТВ-магазинот КОД што се емитува на Телма. Според сознанијата на […]