fbpx

Нови шокантни сознанија за грабнувањето: Еве што се случувало со малата Вања

Палчо добил голема сума пари од Швајцарија по убиството, киднапирањето се вежбало со денови

Нови шокантни сознанија за грабнувањето и за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, како и за ликвидирањето на 74-годишниот Панче Жежовски беа презентирани во последното издание на ТВ-магазинот КОД што се емитува на Телма.

Според сознанијата на репортерите на КОД, киднаперите на Вања еднаш веќе поминале пред зградата, а грабнувањето го планирале подолго време. Претходно, тие добро ја проучувале рутата по која треба да се движат, но и паркинг местото каде што чекале да дојде точното време за да го извршат делото.

КОД информира дека киднаперите добро го пронашле мртвиот агол за да не бидат фатени од камерите на „безбеден град“.

Вања првично била однесена во подрумска просторија од која Палевски имал клуч и била негова. Таму и биле врзани рацете и нозете, по што била ставена во вреќа за спиење. Цитроенот на велешанецот Жежовски се движел по однапред утврдена рута со брзина на пешак, со што се симулира движењето на Вања до училиште.

Првите снимки, како што се наведува во емисијата, доаѓаат од околна менувачница кои биле земени од страна на полицијата. 

Грабнувачите имале план грабнувањето да го реализираат порано, на 24 ноември-петок, меѓутоа се предомислиле бидејќи тој ден било многу раздвижено и прометно.

Првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо уште додека бил во Србија добил голема сума од лице од Швајцарија преку брз трансфер на пари. Ги зел парите и со нив живеел неколку дена во Србија по што стасал до Балибекир, каде еден од соучесниците имал бизнис-партнер, тврдат репортерите на КОД.

Следни Објави

Естрадата се простува, тажен ден во соседството: Почина познатиот пејач

Почина популарниот грчки пејач Василис Карас. Музичарот кој беше познат по специфичниот рапав глас, се упокои во неделата по долга борба со ракот, објави грчката телевизија ЕРТ. Карас се лекуваше во приватна болница во Солун, откако неодамна се зарази и со Ковид-19. На сцената беше присутен повеќе од четири децении. […]