fbpx

Свирепо го убиле: Нови страшни детали за последните мигови на Панче

Отворена е истрага за убиствата на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче.

Таткото на девојчето се товари за помагање во грабнувањето на сопственото чедо, целта била да се изнудат пари за откуп од мајката.

Обвинителството откри и како бил убиен Панче.

„Љупчо Палевски Палчо и неговите помагачи се договориле и го грабнале Панче Жежовски од домот во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил Цитроен за тие да го искористат за грабнување на малата Вања.

Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените“, соопшти Обвинителството.

На 27 ноември истите четворица, помогнати од таткото на девојчето, го грабнале девојчето.

„Со намера да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето. Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот Цитроен“, соопшти Обвинителството.

Следни Објави

Вања е брутално убиена, но една работа е енигма: Како монструмите го знаеле ОВА?

Истражните органи се свесни дека има многу неодговорени прашања, но велат дека на истите треба да одговори истрагата која штотуку започна Зошто 14-годишната Вања Ѓорчевска е убиена неполни три часа по киднапирањето, ако намерата била да се бара откуп за девојчето? Дали ако планирале да бараат откуп, имале логистика, објект […]