fbpx

Беше во колата, ми викна.. Оваа жена го видела Панче пред убиството: Еве што ѝ рекол

Велес се’ уште е во шок по свирепото убиство на Панче Жежовски кој на крајот на ноември беше киднапиран од неговиот дом, однесен во селото Рудник и таму ликвидиран и закопан.

На 22 ноември, четирите лица кои се осомничени и за киднапирањето и убиството на малата Вања Ѓорчевска, го киднапирале Жежовски од неговиот дом, го претепале, го врзале, го ставиле во автомобил и го однеле на споменатата локација. На околу 30 минути возење од неговата куќа бил застрелан и фрлен во дупка длабока три метри, а неговото тело е пронајдено дури на трети декември.

Велешани се шокирани од грозоморните злосторства што во период од пет дена се случија во нивната земја. Сите го познавале Жежовски како добар и смирен човек, кој некогаш бил истакнат фризер во нивниот град. Велат дека во еден момент „го баталил занаетот и влегол во политиката“. Сепак, сите го паметат како добар човек.

„Беше прекрасен. Кај него си ја средував косата“, раскажуваат жените од центарот на Велес за српски „Телеграф“.

Една од нив го видела несреќниот Панче два дена пред да биде киднапиран и убиен. Како што вели, се сретнале додека таа одела кон своето лозје, кое е недалеку од неговата куќа.

„Поминуваше со кола, со другар. Ме виде и ми викна: „Ако сакаш, ќе те префрлиме“, се сеќава познаничката на Панче.

Таа се уште не верува што се случило со него.

Пред два дена и Обвинителството откри како бил убиен Панче.

„Љупчо Палевски Палчо и неговите помагачи се договориле и го грабнале Панче Жежовски од домот во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил Цитроен за тие да го искористат за грабнување на малата Вања. Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените“, соопшти Обвинителството.

Следни Објави

Прва исповед на мајката на убиената Вања: Конечно проговори и за таткото

Зорица Ѓорчевска, мајката на свирепо убиената Вања во ексклузивна исповед за српскa „Република“ вели дека не е во состојба да зборува. Вели дека се’ уште не знае зошто ова се случило, дека уште го чека епилогот и дека не ѝ е јасно зошто нејзиниот живот се претвори во пекол. Како […]