fbpx

Нови скандалозни материјали за Вања и Панче (ВИДЕО)

Извесен српски новинар на својот Твитер профил објави нови досега необјавени фотографии од возилото на велешанецот Панче Жежовски.

Фотографиите кои ги објави и снимките кои што ги поседува како што вели тој се направени од безбедносни камери, а во последната своја најава вели дека утре во 16:00 часот ќе ги објави снимките во целост.

Тој во својата најава вели дека ќе ја објави во целост снимката од киднапирањето на малечката Вања како и во целост снимката од „киднапирањето“ на велешанецот Жежовски.

-ЕКСКЛУЗИВНО ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ЕКСКЛУЗИВНО објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупча Палевски Палчо и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Бор Видевски од Велес. Очекувајте ЕКСКЛУЗИВНО во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме – напиша тој на Твитер.

Линк до контроверзниот твитер-профил.

Следни Објави

Од тефтерот на баба ми: Бадникова посна погача по старински РЕЦЕПТ

Нема повкусна, велат сите што ја пробале За овој Бадник ви препорачуваме интересен старински рецепт од тефтерот на нашите баби. Лесен е за подготовка, па домаќинки повелете! СОСТОЈКИ: – 30 грама квасец – 500 мл вода – 1 лажица шеќер – 1 лажица сол – 700 + 100 грама брашно […]