fbpx

Приказната за првото бебе во Македонија во 2024 ќе ве расплаче: Алек, да си жив и здрав!

Малиот јунак Алек е првото бебе родено во новата 2024 година на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Момчето тешко три килограми и 760 грама, а долго 52 сантиметри е прва радост во семејството Стефковски.

Мајката Наташа Стефковка (34) од Скопје е во добра состојба.

Доктор Горан Димитров кој ја породи мајката на Алек, рече дека семејството долго чекало пород.

„На сите жени кои сакаат да се остварат како мајки да го следат примерот на оваа мајка, која долго чекала на бебе и еве желбата и се оствари во десетата секунда од новата година“, изјави д-р Димитров.

Мајката имала два обида за ин витро. После тоа, во вториот месец од бременоста, отишла на абдомен, да ја оперираат од слепо црево и така дознала дека е бремена.

Следни Објави

Вања и Панче биле само врв на сантата мраз: Нови моменти за грозоморните убиства

Последна вест за грозоморните убиства Минатата година многумина дефинитивно најмногу ќе ја паметат по свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Институтот за судска медицина на крајот од 2024 година се огради од написите во одредени медиуми кои се повикуваат на свои извори од оваа институција за начинот […]